Нови 28 аптеки во руралните средини, 22 концесии останаа неискористени
Објавено во: Мои пари 01 Мај, 2013 18:49
Ново 28 лиценци за отворање аптеки главно во руралните области додели министерството за здравство. Иако огласот дозволил 50 концесии за отворање аптеки што ќе склучат договор со ФЗОМ, за останатите 22 концесии немало доставено понуваи.
Според Министерот, Никола Тодоров, од новите аптеки бенефит ќе имаат околу 60 илјади граѓани.
„Станува збор за граѓани кои живеат во руралните средини и досега немале можност да имаат аптека во близина на местото на живеење или аптеките немале договор со Фондот, поради што граѓаните не можеле да ја земат терапијата со плави картони“,истакна Тодоров. Најголем број од новите аптеки се во Скопско Во Скопскиот регион доделени се девет концесии. Во општина Сарај лиценци за отворање аптеки има во селата Долно Свиларе, Глумово и Буковиќ, во селата Ракотинци (општина Сопиште), Кучевиште (општина Чучер Сандево), во општина Илинден, една аптека во село Петровец, како и две во Ѓорче Петров, една во општината и една во Ново Село.Две лиценци се доделени во општина Неготино и една во Демир Капија, во Вардарскиот регион. Во Пелагониско-полошкиот регион доделени се осум лиценци за отворање аптеки од кои две се за општина Јегуновце и по една во општина Могила, во селата Новаци, Добри Дол (Врапчиште), Форино (Гостивар), Теарце и Брвеница.
Во Северо-источниот регион аптеки ќе бидат отворени во Крива Паланка, Липково (село Матејче) и во општина Старо Нагоричане, додека во Југоисточниот регион се доделени лиценци за отворање нови аптеки во селата Иловица (општина Босилово) и Карбинци (општина Пехчево). Во Југозападниот регион доделена е една концесија за отворање по една аптека во општина Македонски Брод и во село Октиси/Подгорци во струшкиот регион.
Нема интерес во голем број селаКако што денеска информираше Тодоров, во дел од руралните подрачја немало доставено ниту една понуда. Станува збор за селата Долнени, Врапчиште, Желино, Маврово и Ростуше, Богомила, Ранковце, Сарај, Мирковци, Моноспитово, Дебарца и Конче. Во Лозово пак, идните концесионери го испуштиле рокот за пријавување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





