Нови 40 решенија за легализација во Кисела Вода
Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2013 14:22
Процесот на легализација на дивоизградени објекти на територијата на општина Кисела Вода продолжува. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови 40 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1.515 предмети.
Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5.177 предмети се во административна постапка, а 5.176 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација.
- Овие податоци говорат дека општината со добра динамика ги решава предметите за легализација, но напорот треба да е обостран. Без поддршка и соработка со Вас – граѓаните, процесот на легализација не може успешно да заврши” – потенцираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Таа ги повика граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби. Истовремено, ги потсети сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





