Нови 50 ученици се позитивни на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Септември, 2021
Вчера се дијагностицирани нови 50 ученици позитивни на коронавирусот.
Информацијата денеска ја соопшти министерката за образование и наука, Мила Царовска. Вели дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни.
„Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство“, рече Царовска.
Таа објасни дека доколку се појави каква и да е потреба од епидемиолошката служба или од Комисијата за заразни болести, Министерството е подготвено директно да се префрли на следен модел кој ќе биде препорачан, а трите модели се донесени и утврдени од Влада во соработка со Комисијата за заразни болести.
Во земјава Скопје има најмногу активни случаи на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.