05 Декември, 2025
0.2052

Нови авиолинии бараат „Флај Дубаи“ и „Виз Ер“ од македонските аеродрoми

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2013 15:26

Добивај вести на Viber

Авиокомпаниите „Флај Дубаи“ и „Виз Ер“ наскоро треба да  добијат одговор од Агенцијата за цивилно воздухопловство за  нивните барања за  сообраќање на нови авиолинии  од  аеродормите во Македонија.

- „Флај Дубаи“ побараа со летниот ред на летање да добијат дополнителни две фреквенции, а нискотарифната „Виз ер“  имаше барање за обавување летови од Скопје до Дубаи. Двете барања ги разгледуваме и наскоро ќе ги одобриме, рече директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Мојсоски се надева  дека пред почетокот на летната сезона АЦВ ќе добие  барања од нови авиокомпании што би сакале да летаат до Македонија.

Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 проценти во однос на бројот на патници 2011 година.

Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде  лани биле превезени 828.831 патници што е за 9,1 процент повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5 проценти  во однос на претходната година е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници.

Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13 проценти повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!