Нови билборди низ Скопје, четворица концесионери
Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013
Нови унифицирани рекламни паноа кои ќе бидат поставени на 1.100 локации низ градот. Од нив 800 ќе бидат билборди, 252 сити-лајт реклами и 48 ЛЦД панели.
На двата јавни тендери што ги распиша градот, избрани се четири концесионери, „Акцент медиа“, „Скрин-медиа“, Кала плакат“ и „Медиа -С“, со кои се финализира постапката пред потпишување, а со кои ќе се потпишат договори на 15 години.
Концесионерите, на претходно прецизираните локации, имаат обврска да ги постават рекламните паноа според добиениот пакет, 200 локации за билборди по 63 за сити лајт и 12 локации за ЛЦД панели.
- За поефикасно менаџирање со билбордите низ градот, одбравме повеќе компании со цел да се овозможи конкуренција во цените на рекламирање, поточно да нема монопол при изнајмувањето рекламен простор, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски
Концесионерите се должни да плаќаат годишен надоместок од 302 илјади евра во кои е вклучена и цената за струја што градот треба да ја надомести кон ЕВН. На годишно ниво по овој основ во касата на Градот Скопје ќе се слеат 1.208 илјади евра.