Нови бомби за затворањето на А1: Зошто не им ги земавме парите од сметка одма?
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020
Две аудио бомби во кои се зборува за поранешната моќна телевизија А1 се појавија денеска на јутјуб. Поставени се на каналот Fenix A1, а во еден од разговорите објавувачот тврди дека е меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс премиерот во бегство Никола Груевски и поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Во другата бомба за случајот со затворањето на А1 телевизија разговараат новинарот Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.
Во еден од разговорите поранешниот премиер и се јавува на Јанкулоска и ја поврзува за случајот Пајажина да разговара со Шврговски за кој вели дека е кај него.
Груевски: Горде, да прашам, вака твое мислење, со Љупчо Шврговски сме заедно. Нешто си правиме муабет вака за ова со „Пајажина“. Зошто не се одеше со собирање на парите од сметка што ги должи он?
Јанкулоска: Ама они, ни сега не им се земени парите, они само ги блокираа пошто не може одма да ги земат.
Груевски: Епа он прашува зошто ги блокираа а не одма да им ги повлечат парите со извршно решение нешто или не знам …
Јанкулоска: Па немаше извршно, може само со даночно …
Груевски: Еве ќе ти го дадам.
Шврговски: Ало Горде здраво. Види знаеш што ми е, мислам сега веќе е касно, но мислам дека направивме една грешка во чекори. Ние мислам дека лошо направивме што ги блокиравме тие пари, сега мене не ме прашаа за совет. Ние имавме од Управа решение со кое што он беше задолжен да ги плати тие пари, 7 милиони, колку има таму, евра ли, според УЈП …
Целиот разговор трае повеќе од три минути
Во другата бомба Латас разговара со Трајковски. Се споменуваат рокови за стечајот, јавувања од новинари, се црнат медиуми.
„Да им се одземе роба, предаватели тоа е глупа работа, тоа ќе го снимаат и ќе прават театри. Треба да се има стечаен кој по закон ќе им даде отказ на сите. Мора да им се земе лиценцата, па нека плачат после. Со стечај во Европа секој ќе те разбере. Предизвикан е стечај на фирма која должи 9 милиони евра,“ вели гласот за кој објавувачот тврди дека е на поранешниот уредник на Телевизија Сител Павловиќ Латас.
Трајковски пак вели дека „нема да ги раскажува решенијата за„Утрински весник“, „Глас на Европа“, „Глас на Америка“. Вели дека водат постапки против 16 фирми и дека целата процедура се забрзува кон стечај.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.