16 Јануари, 2025
0.0251

Нови CTG апарати за поуспешна дијагностика

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје беа пуштени во употреба три современи CTG апарати – електронски фетални монитори, донација од Вип оператор. Апаратите, од кои два за обична и еден за близначна бременост, се наменети за следење на срцевата активност на плодот во мајката и се многу значајни во современата  пренатална дијагностика во гинекологијата. Вредноста на донираните апарати е 550 илјади денари. - Здравството е еден од најделикатните сегменти на заедницата и неговиот развој е од интерес на сите нас. Како активен чинител во општеството и веќе препознатлив промотор на вистинските вредности кој се грижи за ранливите сегменти, Вип уште еднаш ја препозна потребата за неопходната медицинска опрема и за само неколку месеци истата е инсталирана и подготвена за употреба. На наша голема радост таа е онаму каде што се раѓа животот, кај малите борци, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор. Унверзитетската гинеколошко – акушерска клиника во Скопје е најголема во земјава со над 50 000 високо стручни прегледи и интервенции годишно, од кои 5000 до 6000 породувања. Оттаму важноста на современите услови и соодветната апаратура. -Квалитетната дијагностика воопшто, а особено пренаталната, не може да се замисли без современата технологија. CTG апаратите се од особена важност за следење на состојбата во тек на породувањето, како и за следење за состојбата на плодот кај нормални бремености кои го надминале терминот за породување, а и порано кај високоризичните бремености, трудници со дијабетис, со хипертензија, застој во растот и слично. На овој начин значително придонесуваат во намалување на перинаталната смртност. Со оваа донација Вип оператор уште еднаш го покажа партнерството со Клиниката. Тој низ сиве овие години, на еден начин, стана дел од нашиот тим, покажувајќи исклучителен и искрен однос кон потребите на пациентите на Клиниката, изјави д-р Марија Хаџи-Лега, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Како општествено одговорна компанија, Вип оператор има трјана определба за придонес во развојот на заедницата и поддршка на општествените вредности. Согласно со тоа, компанијата го одржува партнерството со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од 2009-та година.  

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето