НОВИ ГРИЖИ ЗА ЕРДОГАН: Лирата нагло падна во однос на доларот
Објавено во: Економија 07 Мај, 2020
Лирата падна во однос на доларот.
Турската лира падна на историски најниско ниво.
Валутата е под удар на растечката инфлација, растот на невработеноста како и бавниот економски раст.
Американскиот долар има раст во однос на лирата каков што немало скоро две години.
Ова е последница на фактот дека банкарскиот регулатор во Турција реши да го ограничи пристапот на странските инвеститори за трансакции во деноминирани во лири, пренесуваат медиумите.
Турската централна банка повлече милиони долари од своите девизни резерви за да купи лири. Со тоа ја поддржа вредноста на лирата во однос на доларот.
Во 2018 година лирата имаше драматичен пад.
Тогаш лирата падна за 40 отсто во однос на доларот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.