Нови инвестиции во фарми и производни центри, приватните млекарници ќе го билдаат државниот БДП!
Објавено во: Агробизнис 02 Октомври, 2013 09:29
Фактор Успехот на една млекара зависи од добрата соработка со фармерите. Кој е рецептот кој го применувате, за да денес можете да се пофалите со изградени, партнерски релации.
Павловски Ние нашите фармери, кои досега ги има околу 2000 на број, ги гледаме како партнери кои растат со нашата компанија. Воедно се слушаат и почитувааат нивните ставови и барања, што пред сé допринесува за одржување на квалитетот на суровината, а потоа и за одржување на социјалниот статус во општеството. Фармерите се многу важна алка од целокупниот процес на создавање готов производ, и токму затоа вложуваме во нивна едукација, се со цел да работата порентабилно.
Фактор Производите на Здравје Радово се повеќе се наметнуваат кај македонските потрошувачи , што најважно прави вашата компанија за да ја имате нивната лојалност. Неоспорен факт е дека 2/3 од македонските семејства ги консумираат вашите производи, а вашето портфолио и не е така мало.
Павловски Македонските потрошувачи не се наивни, напротив тие имаат истенчен вкус и знаат да одберат квалитет. Токму квалитетот на производите на Млекара Здравје е причината за нивната преференција. Ние и понатаму ќе се трудиме да понудиме фер цена за стандарден квалитет, и нашите производи да бидат достапни за секого и секаде. Свесни сме дека лојалноста претставува и лична одговорност кон нив и се трудиме да ги задржиме. Секојдневно преку дигиталните медиуми сме во контакт со потрошувачите, воспоставивме двосмерен дијалог, и ги слушаме нивните желби и специфични барања, и токму според нив го креираме вкусот на производите.
Фактор Неодамна инициравте хуманитарна акција со Црвениот крст на Скопје. За што се работи, и кој беше мотивот?
Павловски Како голема општествено одговорна компанија, и пред се македонска должни сме да помагаме таму каде што тоа е најпотребо, и со тоа да даваме пример и на другите. Млекара Здравје Радово со нејзините 380 вработени успеа да собере 2,5 тона користена облека, обувки и книги, кои ги дониравме за хуманитарни цели. Ова не е прва, а уште помалку ќе биде последна ваква акција, бидејќи во периодот кој следи се планираат уште вакви филантропски акции на компанијата.
Фактор се развојните планови на Здравје Радово, што планирате во скора иднина?
Павловски Млекара Здравје Радово е компанија која непрекинато реинвестира во сопствените капацитети, на што се должи и нејзиниот брз развој. Како и секогаш, можеме да се пофалиме со нови производи и нивна реализација во блиска иднина. На особена радост на најмладите би ги најавил новите млечни десерти, производи со додадена вредност, кои ќе бидат вистинско освежување на пазарот. Поради фактот дека во Македонија постои недостиг на млечна суровина, не мотивира наша следна инвестиција да биде во високо модерни сточарски производни центри и фарми, што несамо што ќе влијае кон намалување на недостигот туку и ќе придонесе кон отворање нови работни места и дополнителен инпут за државниот БДП.
Р.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





