06 Декември, 2025
0.0330

Нови инвестиции за „Кумановско-липковско поле“

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2013 18:46

Добивај вести на Viber

Прво ја обиколија браната Липково, а потоа најавија инвестиции за водостопанство „Кумановско-липковско поле“. За време на денешната посета на овој реон,  заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски презентираше кои се идните планови. „Триесетина години не се вложени средства во овој систем, кој е мошне значаен за водоснабдувањето. Инвестирани се 9,6 милиони денари во овој систем, возобновена е опремата на зафатните објекти и хидромеханичката опрема во затворачницата, возобновени се сите елементи на темелниот испуст, со што се добива сигурност на браната и можност за беспрекорно функционирање на хидромеханичката опрема на оваа брана“, рече Коњановски и најави дека годинава се планира да се вложат 6 милиони денари за водостопанство „Кумановско-липковско поле“, а набавена е опрема за геодетска оскултација на браната што, како што рече, значи дополнителна сигурност на објектот. Во Министерството е објавен тендер во висина од 23 милиони денари за изведување на  геодетски работи и основен проект за Слупчанска река, информираше Коњановскии кој рече дека предизвик сега е да се создадат дополнителни површини земјоделско земјиште кое се наводнува. Директорот на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Филип Филиповски пак посочи дека инвестициите се исклучително значајани за нормално водоснабдувањето. - Следуваат уште четири нови проекти што ќе се реализираат во делот на браните Липково и Глажња, обнова на каналската мрежа во долж од 165 километри квадратни, вели Филиповски и додава дека во овој период има 19 милиони кубни метри вода и оти оваа количина е доволна и за водоснабдувањето, индустријата и земјоделците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј