05 Декември, 2025
0.2938

Нови казни и исти цени за систематските прегледи

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2013 21:06

Добивај вести на Viber

Од 5 до 8 илјади евра казнети ќе бидат сите оние што нема да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа односно лошо спроведуваат систематски прегледи. Новата уредба стапува во сила за една недела, а со неа се прецизира видот и цената на лекарските прегледи. Според законската регулатива,  и понатаму работодавачот треба да обезбеди здравствен преглед на своите вработени најмалку на 2 години, а измените кои ги опфаќа уредбата  ја регулираат лојалната конкуренција и видот на пакетот на здравствените прегледи согласно работата кој ја извршува вработениот. Според министерот за  за труд и социјала, Спиро Ристовски основната причина за барање на законски измени биле теренските информации кои покажуваат дека здравствените прегледи за работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите  анализи и испитувања за утврдување на вистинската здравствена состојба кај секој работник. Од министерството посочија дека нивните анализи покажале дека голем дел од здравствените установи неправилно  ги вршеле систематските прегледи кај работниците, па освен што работниците не добиле прегледи според тежината на работата, здравствени установи наплатувале пониски цени од утврдениот ценовник, при што создале нелојална конкуренција.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј