06 Декември, 2025
0.7211

Нови мерки на Тодоров, директорите нема да седат во кожни столици

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2013 20:15

Добивај вести на Viber

Прво да го известат Министерството, а потоа да отсуствуваат од работа. Ова во иднина ќе важи за сите директори на клиниките кога ќе треба да бидат отсутни од работа поради посета на конгреси, семинари, или пак користење одмор, побара денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Тој најави дека парично ќе ги казни двајцата диретори од скопските клиники, кои при ненајавената петочна инспекција беа отсутни од на работа, ако немаат добро оправдување кое ќе мора и писмено и усно да му го достават на Тодоров. „Да се биде директор не значи да се седи во кожна столица, туку да се биде пример за вработените. Доброто однесување на директор е добар пример и за вработените, но негативниот исто така, е негативен пример за докторите“, рече Тодоров. Министерот најави дека директорите кои потфрлиле во работните обврски, ќе бидат повикани на разговор во Министерството за здравство. „Директорите на клиниките се должни да поведат дисциплинска постапка кон вработените кои не биле на работното место за време на инспекцискиот надзор, доколку, тоа, исто така, било од неоправдани причини“, појасни Тодоров. За време на ненајавената инспекциска контрола во петокот било проверувно колку го почитуваат работно време вработените во повеќе јавни здравствени установи во Скопје.Како што вчера информираше директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Џевџед Шаќири, биле забележани повеќе неправилности. Непочитување на работно време од страна на вработените имало на Клиниката за дерматологија, Клиниката за ревматологија и Клиника за гастроентерохепатологија. Во останатите Клиники (ОРЛ, Стоматологија, Неврологија, Очно, Ендокринологија и ГОБ „8-ми Септември“), посочи Шакири,  немало неправилности во однос на работно време и вработените.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј