НОВИ МЕРКИ ВО ЦРНА ГОРА: Без ковид потврда луѓето нема да може да влегуваат во угостителски објекти
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Јули, 2021 15:48
Се заоструваат мерките во Црна Гора. Земјата од петок воведува нови мерки против коронавирусот.
Само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат ноќни клубови, дискотеки и угостителски објекти. Националната дигитална ковид потврда, направена по пример на ЕУ-дигиталниот сертификат, ќе содржи, меѓу другото, информации за тоа дали некое лице е целосно вакцинирано или ја примило првата доза на вакцина против коронавирусот. Сертификатот ги наведува датумот и времето на негативниот ПЦР-тест на коронавирусот, а се прифаќа негативен тест не постар од 72 часа.
Сертификатот содржи доказ дека лицето го прележало вирусот, односно доказ дека поминале помалку од 180 дена од позитивниот ПЦР тест, доказ за негативен брз тест на антиген и БАТ што не е постар од 48 часа. Дигиталниот сертификат е бесплатен и е достапен во печатена или дигитална форма. Сертификатот може да се зачува и прикажува на мобилниот телефон.
Наесен можно е и во земјава да има рестрикции за луѓето кои не се вакцинирани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





