„НОВИ МЕУРИ“ во светската економија: Шојбле предупредува за нова светска финансиска криза
Објавено во: Финансии 09 Октомври, 2017 12:35
Актуелниот министер за финансии на Германија Волфганг Шојбле предупреди дека продлабочените нивоа на светскиот долг и прекумерната ликвидност претставуваат сериозен ризик за светската економија.
Во последно интервју како министер за финансии на Германија за Financial Times Шојбле, кој во изминатите осум години раководеше со една од најголемите економии во светот, изјави дека постои опасност од создавање на "нови балони" поради трилиони долари кои централните банки ги инјектирале во пазари.
Германскиот министер исто така, предупреди за ризиците за стабилноста на еврозоната, особено оние ризици кои произлегуваат од банкарски салда, затрупани од посткризното наследство на нефункционални кредити.
Шојбле, кој е поддржувач на фискалната дисциплина и кој доминира со политичкиот одговор на Европа во однос на должничката криза во Еврозоната, е критикуван во земји како Грција, каде е окарактеризиран како составувач на мерките за штедење. Тој, сепак, ќе биде запаметен главно како најстраствен проевропски политичар во кабинетот на германскиот канцелар Ангела Меркел.
Во однос на Brexit Шојбле изјави дека гласањето во Велика Британија минатата година покажал колку "глупаво" е да се слушаат "демагозите кои велат (...), дека "плаќаме премногу за Европа".
Досегашниот министер за финансии на Берлин ќе заземе нова функција како претседател на германскиот Бундестаг покрај стравувањата како законодавството во земјата ќе биде погодено од влегувањето на 92 пратеници од "Алтернатива за Германија" (AFD). Оваа десничарска популистичка партија го воодушеви политичкиот статус кво, освојувајќи 12,6% од гласовите на изборите од минатиот месец.
Шојбле, кој присуствуваше на последната средба на министрите за финансии од Еврогрупата во понеделник, се стреми да ги увери сојузниците на Германија дека изненадувачки успех на AFD на никаков начин нема да ја промени посветеноста на земјата на либералдемократијата. "Нема шанси Германија да се врати на национализмот", рече тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





