Нови оставки во ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018
И доцна вечерва не запираат оставки од партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ. Од позициите се повлекуваат Томи Кепевски, претседател на Градскиот комитет на унија на млади сили и Јован Никушевски, претседател на Унија на млади сили во Карпош, објави Тв 24.
Претходница беше и оставката на претседателот на унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржаловски.
Вчера оставки имаше од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.