Нови пикантерии со Арафат Муареми, директорот на Финансиска полиција
Објавено во: Македонија 19 Април, 2022 12:49
Радио Слободна Европа дознава дека Финансиската полиција доставила известувања за утврдени неправилности од страна на Правобранителството во постапката за стечај на фирмата на „Трансмет“ до Обвинителството, три дена пред Правобранителството да поднесе кривична пријава против директорот Арафат Муареми.
Директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми вели дека премиерот Димитар ковачевски не му побарал оставка додека во меѓувреме четири институции водат свои истраги зошто не е реализирана конфискацијата на „Трансмет“.
- Категорично ги отфрлам шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста кои се однесуваат на тоа дека сум недостапен, односно во бегство. Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција, изјави Муареми за РСЕ.
Тој додава дека и натаму „професионално, одговорно и транспарентно ќе продолжи да работи на својата позиција“, а исто така и од Владата потврдуваат дека тој останува на чело на оваа институција.
Муареми е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство против нидејќи наводно како тогашен истражител на СЈО носел одлуки кои потоа ја отежмале конфискацијата на имото на „Трансмет“ во Труст против Сеад Кочан.
Имотот на Кочан за фирмата „Трансмет“ влезе во фокусот на јавноста по објавата дека Државното правобранителство не може да го конфискува имотот вреден 17 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




