НОВИ ПОДАТОЦИ: 37 новозаразени и 11 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2020 14:02
37 новозаразени и 11 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие има во Македонија.
Регистрирани се 12 случаи во Скопје, осум во Куманово, седум во Тетово, четири случаи во Струга и по два случаи во Штип, Прилеп и Охрид, информираа од Министерството за здравство.
„Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1,422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443“, се наведува во соопштението на МЗ.
Во изминатото деноноќие направени се 508 теста. Од вкупниот број тестирања 188 теста се во рамките на скринингот, а од нив, потврден е еден позитивн случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
„Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19“, информираат од МЗ.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје примени се четворица нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24 лица, додека на механичка вентилација се двајца пациенти.
Во болницата „8-ми Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 18 пациенти. Од нив, на респираторна машина се пет лица, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти.
„Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19“, соопштуваат од МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 25.270 тестирања.
Можеби ќе ве интересира
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс




