28 Април, 2024
0.0272

НОВИ ПРАВИЛА ОД 1 МАРТ: За Македонците ќе биде полесно или потешко да се замине во Германија?

Објавено во: Економија 18 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Проверка на знаењето од германски јазик и старосна граница се воведува од 1 март за жителите од Западен Балкан кои сакаат да заминат во Германија. 

Старосна граница ќе има, иако засега не е прецизирано до која возраст луѓето ќе можат да заминуваат во Германија. 

Германија со новиот закон на почетокот на следната година треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од Европската унија, објави канцеларката Ангела Меркел.

Но, во Македонија мислењата се поделени. Некои сметаат дека идната година за Македонците ќе биде полесно да заминат на работа во Германија, а  други дека ќе биде потешко.

„Луѓето учат германски јазик, и медицински персонал, и занаетчии. Од она што го слушам од учениците и занаетчиите се барани, и добро платени. Медицинскиот персонал учи германски јазик, на многу повисоко ниво, затоа што е потребно, додека за занаетчиите се бара само основна комуникација. Јас мислам дека од 1 март нема да биде потешко, исто ќе биде затоа што тој што сака да замине ќе си го најде патот. Луѓето многу посветено го учат јазикот, и јас навистина сум изненадена“, вели сопственичка на училиште за странски јазици во Велес.

Од друго училиште за странски јазици во Скопје објаснуваат дека сепак за многу Македонци посебно во поодминати години, заминувањето во Германија ќе остане само сон.

„Имам многу ученици кои се над 50 години и учат германски јазик со цел да се вработат во Германија. Претспоставувам дека штом ќе има старосна граница, за нив ќе биде потешко, иако дел од нив поседуваат бугарски пасоши. Да бидеме реални, учениците учат јазик за оценка, додека постарите учат за да го знаат јазикот и да го применуваат“, додаваат од ова училиште.

Борче Стојанов, посредник за работа во Германија вели дека за Македонците нема да биде потешко, затоа што како што вели и досега важеле истите услови. Додава дека отсега ќе биде ставен акцентот на стручноста на кадрите, и Германците ќе ги вработуваат најдобрите.

„Но, сепак за одредени професии, каде се бара стручност, не може да биде стручен човек кој има 20 или 25 години, значи многу ќе зависи од струката, од позицијата, а за некои позиции, за подобра работа, потребно е да се има Б2 ниво за познавање на јазикот“, вели тој.

Но, Стојанов смета дека можно е новите критериуми кои ќе ги воведе Германија да доведат до намалување на платите.

На Германците ќе им требаат 100.000 луѓе за работа во железници, а дел од нив ќе бидат вработени месецов.

Сања Атанасовска

фото Спутник

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност