НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Во Грција има нов протокол за плажите, при што ќе мора да се држи дистанца од 4 метри меѓу чадорите.
На плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни.
На сила и натаму е забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите.
Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а растојанието меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри.
Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.
Може да се користат спакувани производи, додека на продавниците блиску до плажата, мора да имаат каса на отворено, а вработените да носат маски.
Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, како и затворање на локалите од 15 до 20 дена.
Грците оваа година ќе понудат евтини пијалоци, но и други поволности за да привлечат туристи.Грција ќе прима гости од Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.