Нови правила за користење на пасиштата во државна сопственост
Објавено во: Агробизнис
12 Ноември, 2013 19:10
Добивај вести на Viber
Пратениците во Собранието денеска ја завршија расправата по измените и дополнувањата на Законот за пасишта со кои се уредуваат условите, начинот и постапката за давање на користење на пасиштата во државна сопственост.
Измените овозможуваат регулирање на правото на користење на пасиштата во државна сопственост кои досега не се дадени на користење на корисниците на пасиштата и го немаат регулирано ова право.
Според предлагачот, новините носат потранспарентен процесот за давање на користење на пасиштата во државна сопственост.
Така со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта се регулира начинот на давање на користење на пасиштата во државна сопственост со кои стопанисува Јавното претпријатие за пасишта, се дефинира постапката за давање на користење на пасишта во државна сопственост, со утврдување содржина на Јавниот оглас, се дефинира правото на учество на јавниот оглас, критериумот за избор на најповолен понудувач, постапката на отварање на понудите, евалуација и Предлог за избор на најповолен понудувач.
притоа се регулира начинот на кој се носи одлуката за избор на најповолен понудувач, а се дефинира начинот на водење регистар на државните пасишта.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?