22 Ноември, 2024
0.0300

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Ова ќе го комплицира патувањето на македонските граѓани

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Новите правила за влез во Шенген, значително ќе го усложнат патувањето за македонските граѓани. За граѓаните ова е чекор назад. Оние кои патуваа во времето кога имаше визи, велат дека новите правила донекаде ги потсетуваат на тој период. Ги прашавме за мислење вработените во туристичките агенции, но и од невладиниот сектор, бидејќи често посетуваат конференции, семинари, соработуваат со странци, и тие велат дека новите правила ќе им отежнат. Но, додаваат дека треба да се види како тие мерки ќе функционираат на терен. Знаеме дека агенциите редовно организираат шопинг тури во Солун, но и во Софија.

„Препоставувам дека тоа ќе го усложни патувањето. Треба да видиме како ќе оди. Препоставувам дека ќе имаме време да се навикнеме. Тоа е тоа, живееме каде живееме, не знам што да кажам, наместо напред, одиме назад. Како што им помогнавме на нашите патници во време на корона за пополнувањето на формулари, така ќе помогнеме и понатаму на повозрасните. Најверојатно на почетокот ќе биде потешко, но прилагодливи сме. Ќе се снаоѓаме“, вели Александар Чоневски од Игуана Травел од Скопје.

Од невладиниот сектор објаснуваат дека имаат прекугранични проекти со Бугарија, Грција и тоа ќе се одрази на динамиката на работата. Велат дека имало ситуации кога еден човек се откажува да оди на настан  преку граница, и истиот ден се пријавува друго лице како замена, но со новите правила нејасно е дали во тој случај ќе има време на лицето да му се одобри влез во Шенген.

„Дефинитивно ќе го усложни патувањето. Како што разбирам, можеби сум во грешка, но читав и истражував, прво треба да се регистрира профил, и за регистрација треба да се платат 7 евра и тоа ќе трае 3 години или до истекот на патната исправа. При секое патување во ЕУ, треба да се најавиме и во рок од 24 часа да добиеме дозвола или одбивање. Ние сме регион кој граничи со земји од Шенген системот, еве имаме конкретно проект со Грција и на дневна основа патуваме во Солун. Во тој формулар не можеме да наведеме  каде престојуваме, затоа што наутро одиме и се враќаме попладне. А тоа што ќе значи за жителите на Гевгелија, Битола не знам, оти одат и се враќаат во ист ден. Во тој формулар треба да се наведе на кој граничен премин ќе поминеме, а ако има гужва на Богородица, на Дојран нема да можеме да одиме, сме се најавиле за Богородица. Многу ќе се искомплицира патувањето“, вели Методија Стојчески од Младински сојуз Крушево.

Друго прашање е со сместувањето и велат дека ако е резервиран хотел, а лицето не добие дозвола за влез во Шенген, пак работите се комплицираат.  Нашите соговорници замолуваат барем дипломатијата да помогне, да има олеснувања за патувања во регионот.

Од 10 ноември годинава важат новите правила за влез во земјите од Европската Унија(ЕУ) за граѓаните од државите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Влезот во ЕУ, плус земјите на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел од Шенген системот, ќе имаат посебни протоколи за влез на граѓаните на земји кои не се дел од ЕУ, односно на околу 60 држави.

За идното лето ќе се имплементира на вториот Европски систем за информации и овластувања за патување (ETIAS) што значи дека патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ, мора да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање на надоместок од седум евра.Таксата нема да ја плаќаат лицата под 18 и над 70 години, сопружниците/регистрираните партнери и децата на државјаните на ЕУ и земјите од Шенген зоната, како и децата на сопружниците/партнерите кои доаѓаат надвор од ЕУ.

ЕТИАС ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да потполнат посебен формулар преку компјутер или преку мобилна апликација пред да патуваат. При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа. Патникот исто така ќе треба да внесе детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ. Ќе се бараат и детали за какви било кривични пресуди, минати патувања во воени зони или конфликтни зони, како и информации за тоа дали лицето е депортирано од која било земја. На лицата без овластување за ETIAS ќе им биде одбиен влез на граница.

Дури и добивањето на тој сертификат не значи дека на патникот автоматски му се дозволува влез во земјата на ЕУ. Сите патници сепак ќе бидат проверени и граничен службеник може да одбие влез на лице кое не ги исполнува условите.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска