НОВИ ШЕСТ СЛУЧАИ - Бројката на позитивни се искачи на 76
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020
Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, објави пред малку на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи“, напиша министерот.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.