Нови штрајкови во Грција
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2013
Вработените во државните болници, наставниците и професорите, како и вработените во атинскиот Универзитет, денеска штрајкуваат во Грција во знак на протест поради отпуштањата на нивните колеги.
Девет болници во Атина и Солун ја прекинаа работата на четири часа. Тие штрајкуваат против затворањето на здравствени установи и преместување на персоналот на друго работни позиции.
Конфедерацијата на трудот предупреди дека осум од девет болници, кои се вклучени во штрајкот, ќе бидат затворени по одлуката на властите, со што националниот здравствен систем ќе биде лишен од 650 болници, а 1.665 здравствени работници ќе бидат премесени во други установи.
Петти ден по ред штрајкуваат и административните работници од Атинскиот универзитет „Каподистриас“.
Ректорот на универзитетот побара од властите да го повлечат решението за 49-процентно намалување на административниот персонал со мотив, дека тоа ќе го наруши образовниот процес.
Четиричасовен штрајк почнаа и наставниците од средните училишта во Грција, кои исто така одбиваат да го исполнат барањето на властите за „квалификациско преместување“ на персоналот во друга државна работа.
Генералната конфедерација на трудот ГСЕЕ планира 24-часовен штрајк на 6 ноември.