18 Декември, 2025
0.0450

Нови судски маки за Душко Млекарот

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 18:00

Добивај вести на Viber

Душко Илиевски - Млекарот, неговиот татко Томе и брат Цане, откако неодамна добија 6.500 евра обешететување за времето кое по грешка го поминаа во притвор и поради предизвикана материјална штета, сега се соочија со нов удар. Апелациониот суд одлучи да им ја намали отштетата и да им досуди само 2.500 евра.

- Според одлуката на Апелација не сме докажале каде завршиле земјоделските производи, за кои ние пред првостепениот суд тврдевме и вештаците докажаа дека се уништени. Јас не знам што требаше да направиме дополнително за да го убедиме судот дека претрпевме голема психичка, но и материјална штета, вели Илиевски за „Фокус“, објаснувајќи за Фокус дека сега предметот за штетата околу земјоделските производи е вратен на почеток.

Тој вели дека досега за судски трошоци дал 220.000 денари, а од судот обештетување добил само 160.000 денари.

- Каков е овој суд. Па јас со години морам да се влечкам по судот и да докажувам дека ми е направена голема штета и ми е нанесена голема неправда, а премиерот експресно си доби од Заев 50.000 евра. Каде е овде правдата и еднаквоста? прашува Илиевски.

Овој судски процес започна откако Илиевски, заедно со неговиот брат и татко ја тужеа државата бидејќи неосновано беа обвинети за нелегално одгледување на марихуана, но на крајот успеаjа да добијат ослободителна пресуда, бидејќи беше утврдено дека во нивната нива расте див коноп.

Илиевски најавува дека не се предава и дека правдата ќе ја бара во Судот за човекови права во Стразбур.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје