05 Декември, 2025
0.2326

Нови технологии во агро-бизнисот за борба против климатските промени

Објавено во: Агробизнис 23 Март, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Неопходни се нови технологии во агро -бизнисот за борба против климатските промени. Ова беше кажано на денешната прес -конференција на Сојузот на стопански комори предводена од претседателот на агро-бизнис комората при ССК, Огнен Оровчанец. Се дискутираше за климатските промени како најсериозни закани за агро бизнис секторот во Македонија и конкретни предлози за имплементација за нови технологии во секторот, кои ќе допринесат за ублажување на негативните последици во агро-бизнисот. „Во согласност со евидентните климатски промени кои реално се случуваат би сакал да го потенцирам нивното влијание конкретно на овогодинешнава реколта – односно жетва и дополнително да потенцираме колку е важно имплементацијата на современата технологија во агро-бизнисот, со цел да ја задржиме конкурентноста на пазарот и да го подобриме квалитетот на производите. Изминатата 2015 година, во Македонија вкупно беше засеана површина од 75.316 хектари со пченица од кои 13.996 хектари беа посеани од Земјоделските претпријатија, а 61.320 хектари од индивидуалните земјоделски производители. Од оваа површина беше остварена жетва од 193.240 тони на пченица од кои 38.165 тони од Земјоделските претпријатија и 155.075 тони од индивидуалните земјоделски производители-кажа тој. Од овие бројки може да донесеме одреден заклучок за поголемото производство по хектар кај земјоделските претпријатија, отколку кај индивидуалните производители што е исто така одреден показател за нивото на имплементација на современи технологии во процесот на производство. На ниво на Македонија, вкупната потреба на Македонија за пченица изнесува околу 330.000 тони од кои: 280.000 тони - меркантилна пченица за леб и бели пецива, 32.000 тони – семенски материјал и 18. 000 тони за државни резерви. Годинава, во согласност со временските услови се очекува подобар род, односно, поголем принос по хектар од генерално просечниот принос од минатата година од 2,6 тони по хектар. Ова би значело намалување на потребата за увоз на пченица и брашно кое  во изминатите 3 години бележи тренд на зголемување. Само минатата година во Македонија беа увезени 97.538 тони на пченица и 47.835 тони на брашно и тоа во најголем процент од Србија. Во насока на интензивирање на националното производство и како резултат на меѓусебната комуникација со членовите на агро-бизнис комора во поглед на климатските промени, евидентна е потребата за примена на дополнителни – современи технологии кои ќе приоднесат за остварување на континуитет на агротехнолошки мерки. Тие се потребни за земјоделските култури од различни сектори без разлика на временските услови и последиците од нив. „Поради моменталната потреба во рамки на сезоната и во согласност со потребите на компаниите, би сакал да ја стимулираме и промовираме употребата на различни мали типови на летала од типот на дронови, жирокоптери, и различни мали летала  мотор или без мотор во процесот на третирање на земјоделските култури како што се фолијарна прихрана, ѓубрење и заштита од болести со апликација на хербициди, фунгициди и инсектициди. Нивната употреба во земјоделието зема голем замав, но за жал кај нас сеуште претставува новитет а ефектите кои ги генерираат се големи“- беше кажано на пресот. Во овој период на врнежи е невозможно спроведување на агротехнички мерки – што би значело влегување на соодветна механизација во самите полиња, но со употреба на ваква технологија процесот е максимално поедноставен, оштетувањето на посевите при влез на самата механизација во полињата е сведено на минимум. Користењето на едно вакво современо мало летало може индивидуално преку внесување на координати од полето каде што е потребно да се врши прскањето, самото да го заврши целиот процес со минимална потреба на работна сила. Ова е значително применливо во Македонија поради фактот што од една страна засеаните полиња се расцепкани и со мали површини при што неприменливи се секогаш употребата на поголемите авиони за прскање, а од друга страна економски е поприфатлива нивната употреба. Имплементацијата на научните достигнувања во рамки на воведувањето и селекцијата на сорти, во голема мера придонесува кон адаптација на земјоделските култури кон новонастанатите климатски услови и борбата против суша, мраз и високи температури.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?