Нови униформи за полициските службеници
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 13:29
Во рамки на нашите континуирани активности, а согласно примарната задача за подобрување на условите за работа на полициските службеници, поделивме нови униформи за потребите на нашите најмлади колеги- новопримените полициски службеници од последните конкурсни циклуси, рече министерот Оливер Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи за полициските службеници во кругот на СВР Скопје. Станува збор за набавка на 1.200 униформи за припадниците на полицијата кои што се состојат од капи, кошули, вратоврски, виндјакни, маици, ремени...
-Затекнавме многу лоша состојба со опременоста на полициските службеници, скоро една деценија без набавка на униформи. Сега таа состојба ја менуваме од корен, создавајќи базични предуслови за нормално и непречено функционирање на полициската служба во целина. Она што го затекнавме беше субстандардни услови во кои што работеа полициските службеници. Таа недопустлива состојба ја менуваме и нема да престанеме во нашите напори се додека не се воспостави еден нормален, пристоен и функционален амбиент за работа на сите полициски службеници. Затоа што само со овозможување на тие елементарни услови за работа, полицијата ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните- рече Спасовски.
Пред десетина дена беше набавена униформата за Единицата за специјални задачи, претходно за припадниците на Одделот за обезбедување, како и за други полициски службеници, а и во наредниот период продолжува опремувањето на полициските службеници. Продолжуваат и активностите за реновирање на полициските станици, а од наредниот месец се зголемува и платата на полициските службеници.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




