17 Декември, 2025
0.0539

Нови услови за доброволен престанок на работниот однос во Македонски Телеком и Т-Мобиле

Објавено во: Економија 15 Јули, 2013 11:19

Добивај вести на Viber

Измени во организациската структура и програма за условите за доброволен престанок на работниот однос на вработените во Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија за 2013 година усвои одборот на директори на двете компании на состанокот одржан на 11. јули. Како што се наведува во соопштението објавено на Македонска берза, овие промени, се последица на силното конкурентно опкружување и брзата динамика на пазарните движења, кои предизвикуваат негативни трендови. Новата организација е во насока на изградба на ефикасна компанија која ќе го задржи лидерското место на пазарот, според новите правила и услови. Дел од промените е и зголемување на ефикасноста, како и преструктуирање и оптимизација на човечките ресурси. Компаниите во соработка со Синдикатот воведоа програма за доброволен прекин на работниот однос, која е најдобро решение за реализација на новата структура. Програмата е доброволна и исклучително поволна. Направена е врз основа на повеќе критериуми во интерес на вработениот како што се, отпремнина за години работен стаж, како и дополнителен еднократен финансиски надомест по други основи: години, старост итн. Станува збор за најповолна програма за доброволен прекин на работниот однос во Македонија, каде максималната сума на надомест изнесува 30.000 евра. Програмата се однесува на вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.  

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар