05 Декември, 2025
0.0281

Нови услови за плаќање на “Паркинзи Центар”

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2013 18:10

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие “Паркинзи Центар” воведе неколку поволности во однос на плаќањето за паркиралиштата што се под надлежност на ова претпријатие. Под мотото „Сега за прв пат,  повикај гостин и уживај! Пријателите пред се!, денеска беше промивирана гостинската карта и бизнис гостинската карта за паркирање. -Со оваа гостинска карта, сите жители на Општина Центар промотивно во месец март, можат на своите гости на сите паркинзи на ПОЦ, да им овозможат бесплатно паркирање во времетраење од 30 часа, со тоа што секој искористен час го пријавувате на телефонскиот број 072/ 251 251. Исто така, сите правни субјекти на територија на Општина Центар, за своите редовни гости и соработници, можат да ја активираат бизнис гостинската карта, со која првите 10 активации се гратис, промотивно во месец март. Од сега па натаму, корисниците на ЈП ПОЦ ќе можат, наместо само 10 минути, да се задружуваат еден час бесплатно на сите наши паркиралишта. Со ова упатуваме јасна порака дека ЈП ПОЦ се грижи за потребите на граѓаните-изјави Маргарита Бакев, директор на ЈП “Паркинзи Центар”. Гостинската карта е тип на паркинг карта, наменета за станарите-корисници на услугите на ЈП ПОЦ, кои можат да ја користат оваа карта за да им обезбедат паркинг место на своите гости, и важи цел месец, а може да се искористат најмногу 30 часа во месецот. Има  4 пакети, а станарите си го одбираат пакетот кој  најмногу им одговара:
Пакет од 5ч месечно 100ден
Пакет од 10ч месечно 150ден
Пакет од 20ч месечно 250ден
Пакет од 30ч месечно 300ден
Оваа карта се активира, со едно јавување на телефонскиот број 072/251 251, односно пред доаѓањето на гостинот кој доаѓа со свое возило, се јавувате на бројот, го кажувате регистарскиот број на возилото на вашиот гостин и времето на неговото задржување. Картата може да се користи за повеќе возила во исто време.          Бизнис гостинската карта е наменета за сите сопственици на ресторани, кафеани,  хотели, фризерски салони, козметички студија, берберници, адвокатски канцеларии и фирми  сместени во општината Центар. За активација на бизнис гостинската карта, станарот треба да поседува М-карта. Во зона 1 час паркирање  изнесува  35 денари,  во зона 2 паркирањето чини 25 денари за еден час, а секоја десетта карта е гратис. И оваа карта се активира на истиот број како гостинската карта.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност