19 Декември, 2025
0.0602

Нови вработувања во државниот апарат. До кога ќе издржи Буџетот?

Објавено во: Економија 11 Април, 2013 08:01

Добивај вести на Viber

Наспроти критиките на експертската јавност за гломазната и превработена администрација, Владата најави нови 1.600 вработувања во јавниот сектор, кои ќе се реализираат веќе од следниот месец.  Новите вработувања кои ги вети премиерот се најавени како помош за најранливите категории граѓани во услови на економска криза, иако во сите држави намалувањето на администрацијата е единствениот одговор на кризата.   Премиерот Груевски најави дека ќе се вработуваат социјално ранливи категории, но услов за конкурирање нема да биде стручноста или квалификуваноста, туку социјалниот момент: ако се долгорочно невработени ако доаѓаат од семејства каде нема ниту еден вработен и сл. На кои места ќе бидат поставени идните државни службеници се уште е непознато, се потенцира дека вработувања ќе има во секторите каде што има потреба. За сега, официјалната бројка е дека јавната администрација во земјава брои вкупно 118 илјади вработени. Ако се земат предвид бројките од Буџетот според кои за еден вработен годишно државата троши 8.000 евра, тоа значи дека речиси една милијарда евра народни пари секоја година се трошат за да се финансира администрацијата, а оваа сума сега ќе се зголеми бидејќи Владата најави дека новите вработувања ќе повлечат близу 8 милиони евра од Буџетот на годишно ниво. Но, ваквата мерка не е новина ако се знае дека и во јуни минатата година, Владата најави вработување на 2.000 лица на одредено време во општини кои што имаат висока стапка на невработеност. Мерката беше најавена како антикризна, иако дел од експертската јавност ја прогласи како предизборна програма во пресрет на локалните избори. И додека од година во година вработувањата на државна сметка постојано се зголемуваат, наместо да се размислува за нивно стопирање, огласи за работа во државната и јавната администрација постојано се објавуваат. За ваквата политика на Владата, експертите веќе предупредија дека доколку не се застане со вработувањата, Македонија ќе може да се соочи со банкрот. Светската банка пак, во својот последен извештај констатираше дека во земјава вработувањата се случуваат само во јавниот сектор, но нема отварање работни места во приватниот сектор, кои всушност најмногу влијаат на растот на вработеноста. Речиси половина од државната каса и годинава ќе се троши за плати на администрацијата и за исплата на пензии и социјална помош. 2,7 милијарди евра изнесува буџетот за 2013 година. Вкупните приходи во предлог буџетот за 2013 година изнесуваат 2,4 милијарди евра. Буџетскиот минус е продлабочен на 3,5% и ќе се покрива со задолжувањата дома и надвор кај странските деловни банки. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра