24 Јануари, 2025
0.0345

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани.

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог.

Ова го објави Владата на својата веб страна по почнувањето на штрајкот на Синдикатите на дел од вработените во државните институции. 

Од Владата велат дека секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните.

- Изминатата година и покрај катастрофална состојба која ја наследивме од претходната Влада, заедно со синдикатите постигнавме договор за покачување на вработените во здравството и образованието, а ги покачивме и пензиите на над 300.000 пензионери линеарно.

Претходната Влада при подготовка на Буџетот за 2024 година не предвидела средства за исплата на К-15 на вработените во администрацијата, при што со ребалансот на Буџетот оваа Влада истите ги предвиде и исплати К-15 за 84.000 вработени во вредност од 1 милијарда денари.

За шест месеци како Влада направивме многу повеќе за граѓаните од тоа што го направи претходната Влада за 7 години - се наведува во соопштението.

Додаваат дека „Владата останува посветена во носење на одлуки во интерес на сите граѓани и зголемување на платите на вработените, но најдобар начин за изнаоѓање на решение на проблемите и различните ставови е преку разговори“.

- Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое што учествуваат и на кое што секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбраа да протестираат.

Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите.

Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност.

Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните - се заклучува во соопштението на Владата. 

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции