24 Ноември, 2024
0.0257

НОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Фотоцентрали и на плодно земјоделско земјиште

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на најдоброто земјоделско земјиште во Македонија со Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште кој од вчера е најавен на платформата на единствениот национален електронски регистар на прописи.

Министерството за земјоделство предлага големите странски стратешки инвеститори да може да градат енергетски објекти на најплодните земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа.

„По исклучок од став 2 и 3 на овој член земјоделското земјиште од I до IV катастарска класа може да биде предмет на пренамена доколку урбанистичкиот проект е за планирање на градби за кои со закон е уреден стратешки интерес и пренамената се врши со донесувањето на законот со кој е уреден стратешки интерес“, се вели во предложениот закон.

Земјоделското земјиште од трета и четврта класа ќе може да се пренамени во градежно заради изградба на енергетски објекти во наменски зони, со измени во еден од членовите.  

„Земјоделското земјиште од III и IV катастарска класа може да биде пренаменето заради донесување на урбанистички проект вон опфатот на урбанистички план и урбанистички план вон населено место со кое се планира наменска зона за енергетски градби (хидроелектрични централи, термоелектрични централи, нуклерани електрани, ветерни електрани, концетрациони сончеви електрани, електрани на биогориво и површински соларни и фотоволтаични електрани) само доколку во катастарската општина за каде се планира донесување односно одобрување на урбанистичкиот план односно урбанистичкиот проект нема земјоделско земјиште од пониска катастарска класа.“, нагласено е во законските измени.

Во членот 51 има уште една значајна измена, а тоа е и дека самите пасишта како земјоделски површини може да се пренаменат во градежни, алудирајќи на тоа дека и таму ќе се градат фотоцентрали.

„Земјоделското земјиште под култура пасиште може да се пренамени во градежно во постапка пропишана со Законот за урбанистичко планирање или да се користи за неземјоделски цели согласно со членот 51 од овој закон.“ гласи измената. Според предлагачот, во другите случаи плодното земјоделско земјиште останува заштитено со дефинирани прописи дека не може да се користи за производство на електрична енергија.

Точно пред една година на ЕНЕР се најде закон со кој се создава можност за искористување на земјоделското земјиште во производството на електрична енергија. Во членот 51-а став 1 по зборовите „обработка на земјоделски производи“ се додадоа зборовите „и фотонапонски панели“. Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидуваше со измените на Законот за земјоделско земјиште, кој беше изработен до завршна процедура. Власта тоа го бранеше дека класите пет, шест, седум и осум не се особено плодни.


Земјоделци веќе реагираа дека на овој начин се уништува земјоделското земјиште што се користи за производство на храна. Според нив, и земјоделското земјиште од петта до осма класа може да се користи за производство на земјоделски култури што не бараат поголема земјоделска обработка. И познавачите на состојбите велат дека во услови на глобален недостиг на храна, непотребно е да се носат измени во закон што предвидуваат поставување фотонапонски централи на земјоделско земјиште.

Енергетски експерти рекоа дека поставувањето фотонапонски централи се прави без план, бидејќи произведената електрична енергија од овие централи треба да се балансира, а ние немаме толкав хидропотенцијал за балансирање. Според нив, треба да се направи баланс помеѓу производството на храна и „трката“ за брз и евтин профит.

Некои општини не дозволуваа изградба на фотоволтаични централи на земјоделско земјиште до 4-та класа со одбивање на барањата поднесени од инвеститорите. 

Општините имаат надлежност да издаваат дозволи само за моќност на објекти до 10 мегавати, додека над тоа обврската е на Државата.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна