НОВИ ЖРТВИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Се удавиле 18 мигранти!
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2015
Најмалку 18 луѓе се удавиле кога во текот на ноќта потонал брод кој пловел во Егејското море накај Грција кон островот Калимнос, пренесуваат турските медиуми.
Како што известува новинската агенција „Доган“, припадниците на турската морска стража спасиле 14 лица, помеѓу кои биле Сиријци, Ирачани и Пакистанци, пренесуваат агенциите.
Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 800.000 бегалци преминале низ Средоземното море на пат кон Европа оваа година, а преку 3400 заинале патувајќи преку морето.