24 Ноември, 2024
0.0267

НОВИНА ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ: Компаниите што ќе ги бараат скопските зони, ќе добиваат помала државна помош од оние во другите градови

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Државата воведува новини во субвенционирањето на странските инвеститори. Отсега па натаму странските компании што сакаат да вложуваат во зоните во Скопје, ќе добиваат помала државна помош од инвеститорите кои ќе вложуваат во другите градови од државата. 

Причина за тоа, како што вели првиот човек на Дирекцијата за технолошко изндустриски развојни зони, Јован Деспотовски, е што компаниите кои инвестирале во Скопје добиле поголема вредност на земјиштето, за разлика од инвеститорите во другите градови, а притоа за тоа ја плаќаат истата субвенционирана цена од државата од шест денари по метар квадратен. На тој начин „скопските инвеститори“ се перивилегирани во однос на оние во другите градови. 

Дека инвеститорите добиваат поголема вредност на земјиштето покажаа анализите што ги направи Дирекцијата за ТИРЗ, преку една сеопфатна Студија за ефектите на дел од мерките за поттикнување на странски инвестиции во земјава.

„Целта беше преку бројка да воведеме еден паметен пристап, а не само поттикнување на странските инвеститори и нивниот влез во државата, туку и како да поттикнеме рамномерен регионален развој, односно сите наши сограѓани, а не само граѓаните од Скопје, да ги видат бенефитите од странските инвестиции“, вели Деспотовски.

Всушност, еден од наодите на студијата бил дека земјиштето, без разлика на локацијата и вложувањата во самата инфраструктура, се вреднува врз основа на приходот кој компаниите го остваруваат. Се покажало дека компаниите кои работат во Скопје, односно во зоните кои се во близина на главниот град, приходуваат најмногу, и тоа доведува вредноста на земјиштето во Скопје да е значително повисока, односно 10 пати повисока отколку просечната вредност на земјиштето во останатите зони.

„Или, со други зборови кажано, навистина нашите сограѓани кои живеат во останатите делови од државата не ги чувствуваат полните придобивки од странските инвестиции. Затоа, веќе воведовме нов пристап на поттикнување на странските инвестиции, кој подразбира меѓу другото да донесеме не само инвестиции со подобар квалитет, туку инвестиции кои ќе бидат корисни за соите наши сограѓани. Од оваа анализа и од моделот кој веќе го воведовме очекувам исходот да биде да имаме поквалитетни компании и во повеќе други локации, а не само во главниот град“, потенцира директорот на ТИРЗ.

Тој нагласува дека отсега вече странските компании кои што ќе решат да инвестираат во зоните во главниот град ќе имаат една помала вредност од сите останати, односно нема да бидат веќе повластени како досега. 

„Односно, разликата меѓу пазарната цена која што треба да ја платат за наем на земјиштето во зоните и повластената цена која државата им ја нуди, ќе им се засметува внатре во пакетот за државна помош. Со други зборови, компаниите кои ќе се решат да инвестираат во зоните во главниот град, ќе добијат многу помалку средства во однос на компаниите кои ќе се решат да вложат во сите останати локации во земјава“, нагласува Деспотовски.

Според него, ова е регулатива која веќе ја има донесено земјава, но за жал досега не е применувана. Ова е прва ваква анализа за вреднување на земјиштето во зоните која досега воопшто ја направила Дирекцијата за ТИРЗ. 

„Така што, ова веќе го применуваме во разговорите со дел од инвеститорите со кои што разговараме. Нашето настојување е поголем дел од тие инвеститори да ги насочиме надвор од зоните во Скопје, но за оние кои што инсистираат да вложуваат односно да добијат локации во главниот град, веќе ја практикуваме оваа мерка, за едноставно да сфатат дека она што државата им го дава како повластена цена, фактички на некој начин државна помош, ќе мора да се засмета во пакетот за помош, со сите останати бенефити кои веќе ги добиваат“, рече Деспотовски.

Или, еве како пластично се објаснува која е промената од досегашниот модел на субвенционирање на странските компании.

Една од мерките со кои државата ги привлекува странските инвестиции е субвенционирана цена за наем на државно земјиште, која е иста за сите без разлика на локацијата, а тоа е шест денари по метар квадратен годишно. Ако оваа анализа нас ни покажа дека вредноста на земјиштето во зоната во Струга е 100 денари, а вредноста на земјиштето во зоната во Скопје е 3.500 денари, тоа значи дека инвеститорите во Струга во моментов плаќаат 30 пати повисока цена отколку инвеститорите во Скопје. Е сега ние велиме вака – врз база на цената 3.500 денари метар квадратен земјиште во Скопје, истата компанија која веќе е ангажирана, ќе им изработиме предлог пазарна цена за наем, која секако ќе биде согласно цената на земјиштето. Таа цена ќе и ја презентираме на самата компанија која сака да инвестира. Разликата меѓу шест денари по метар квадратен и пазарната цена за наем која што треба да ја наплатиме, а таа е можеби 100, 200 денари, или 500 денари зависи, таа разлика во цена по бројот на метри квадратни што се ангажирани, ќе влезе во пакетот на државна помош што и ја даваме на компанијата. Тоа значи дека ако на компанијата треба, на пример, да и дадеме државна помош од еден милион евра, државната помош ќе се намали за онолку колку што изнесува субвенцијата која што веќе ја добивала врз база на разликата меѓу пазарната и субвенционираната цена“, објаснува Деспотовски.

На прашањето дали тоа сега ќе биде исплатливо за инвеститорите, тој вели дека тоа е работа на компаниите.

„Нашата политика е повеќе компании да одат надвор од главниот град, со тоа што овие параметри сега ни покажуваат какви инвеститори треба да видиме во зоните во главниот град. Тоа значи дека веќе имаме одредени параметри по кои можеме да кажеме – да, оваа компанија која генерира висок приход дава големи плати, може да ги достигне овие стандарди кои веќе ги имаме во зоните во главниот град, па можеме да и дадеме земјиште по субвенционирана цена, а сите останати ќе треба да се натпреваруваат за останатите зони. И така поттикнуваме рамномерен регионален развој, со нула дополнителни средства во буџетот“, нагласува Деспотовски.

Инаку, анализата покажала дека без разлика на тоа колку и каде вложуваме, и каде е локацијата, сепак, земјиштето варира. Значи, има ситуација на пример во Штип, каде што навистина многу е вложено во инфраструктура во изградба на зоната, но сепак, цената на земјиштетото таму не е многу поразлична од цената во друг град.

„Зошто досега компанбиите не се поттикнувани да инвестираат надвор од Скопје, навистина не знам. Зошто компаниите се определуваат за главниот град исто така не знам, но еве очигледно е дека користеле дополнителна сума на субвенции, а тоа е разликата меѓу пазарната цена и регулираната цена. Имате една цена која важи исто за сите секаде. Нормално е сите да сакаат да бидат најблису до автопатот, до меѓународниот аеродром и до главниот пристап“, објкаснува првиот човек на ТИРЗ.

Инаку, анализата покажала дека од сите 13 зони во земјава, од кои седум се активни а останатите се неактивни, издадената површина под закуп е само 31 отсто, а процентот на искористеност е 29 отсто. 

Од тие причини, државата навистина ќе размисли дали ќе отвора нови зони, или ќе презема мерки да го искористи прво потенцијалот на постоечките. 

Инаку, досега во ТИРЗ зоните се инвестирани 50 милиони евра, а оставрени се приходи над 40 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА