НОВИНАРИ СЕ СКАРАА, БАРААТ ВУЧИЌ ДА СЕ ТЕСТИРА: Toj одговара дека не сакаат да го гледаат жив
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Април, 2020 19:23
Српски новинари влегоа во расправија за тоа дали нивниот претседател Александар Вучиќ треба да се тестира откако неговиот син се покажа дека е позитивен на Ковид 19.
Станува збор за новинарите од ТВ Пинк и Н1.
Новинарите од Н1 велат дека Вучиќ мора да се тестира и да ги почитува мерките кои важат за сите граѓани.
Но, нивните колеги од ТВ Пинк ги обвиниле нив дека сакаат Вучиќ да биде изолиран.
Вучиќ подоцна рече дека ако е потребно ќе се тестира.
Од новинарот на Н1 бара да не покажува лицемерна грижа за неговото здравје, кога не знае дали имал ризични контакти.
Тој го обвини новинарот дека е на линија на неговите политички противници кои, како што рече, уште на почетокот на март тврделе дека е готов и дека популарноста му опаѓа.
„Нема проблем, кажете: Ни пречиш што си жив и во ред е, тоа го разбирам. Но немојте да истакнувате контрадикторни работи како аргументи, затоа што ги нема и немојте да ги прашувате лекарите за мене, туку прашајте ме мене. И немојте да кажувате дека ви е важно да ги слушате лекарите, туку дека доаѓате да ги прашате само зошто Вучиќ е ваков или онаков. Дојдете прашајте ме мене, јас ќе ви одговорам, мене не можете да ме победите со аргументи и факти“, изјави Вучиќ во Ниш.
Тврди дека коронавирусот не може да го победи.
Неговиот син е заразен.
Тој е задржан на Инфективна клиника.
Вучиќ вчера објави дека неговиот првенец Данило е во заболен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





