НОВИНАРОТ ГОРАН МОМИРОСКИ ПРАШУВА: Дали имало претходен обид за грабнување на Вања Ѓорчевска?
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2023 15:35
Новинарот Горан Момировски има повеќе прашања до надлежните.
„Нека молчат, имам уште многу тешки прашања“, пишува на фејсбук овој новинар.
Тој вели дека станува збор за прашања од Горан Момировски, за кои, како што потенцира во прашањата кои ги дава видливи за целата јавност, се наменети за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски, а тие молчат.
Поентата на неговите прашања е дали можело да биде спасено ова невино девојче.
Првото прашање е кога почнала истрагата за исчезнатиот Панче Жежовски. Второто прашање е дали истрагата почнала со три дена доцнење.
Потоа, нивинарот прашува дали имало претходен обид за грабнување на Вања Ѓорчевска? Има и прашање што се гледа на видео снимките од камерите пред зградата на Вања? Дали на 27 ноември почнала истрага за Вања? Дали Вања ќе беше жива ако МВР веднаш го користел системот „Безбеден град“? Кои се полициските началници во Велес и во Скопје кои ја водат истрагата? Кој го бара возилото на исчезнатиот Панче Жежовски? Зошто исчезнатото возило на Жежовски не е во системот на евиденција на украдени возила? Сториле ли доволно МВР и ЈО да се спаси жвотот на малата Вања?
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




