Новиот „iPhone“ излегува во продажба на 18 март
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2016 12:48
„Apple“ ќе започне со продажбата на новите производи - „iPhone 5SE“ и таблетот „iPad Air 3“, три дена по нивното претставување на 15 март, пишува 9to5Mac.
Според изворот, барања за пред-нарачки на новите уреди не се планирани, но компанијата може да ги преиспита своите планови.
Стартот на продажбата за толку кратко време е новата стратегија на „Apple“.
Обично новите уреди се појавуваат во продавниците недела или две по презентациите. Производството на новиот 4-инчен iPhone започна во јануари, пишува 9to5Mac.
„iPhone 5SE“ ќе ги комбинира формите на модел „iPhone 5“ од 2013 година и модерните 6 и 6Plus. Уредот ќе дојде опремен со хардверот на „iPhone 6“, имено 8 MP основна и 1.2 MP предна камера, чип NFC за платежни услуги Apple Pay, А8 процесор и подобрувања во Wi-Fi конекција, и др.
Претходно медиумите објавија дека компанијата може да ги пушти и новите модели на часовници „Apple Watch“ напролет.
Компанијата предвидува приходи за следното тримесечје во износ од 50-53 милијарди долари. Во истиот период минатата година, Apple доби 58 милијарди долари.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!




