20 Декември, 2025
0.0465

„НОВИОТ ЗАКОН ЈА ПРЕПУШТА ЕНЕРГЕТИКАТА НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ МОНОПОЛИСТИ“: Левица против законот за енергетика

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2025 09:21

Добивај вести на Viber

Политичката партија Левица соопшти дека нема да го поддржи новиот предлог-закон за енергетика, обвинувајќи дека со него дополнително се продлабочува процесот на либерализација на пазарот во една од најкритичните стратешки области.

„Овој Предлог-закон јасно покажува дека државата нема ниту намера, ниту план да ги национализира енергетските капацитети и да ги стави во служба на јавниот интерес“, посочуваат од партијата.

Според нив, со либерализацијата енергетскиот сектор станува лесен плен за странскиот капитал, кој, како што велат, „мотивиран исклучиво од профитни интереси, нема да има никаква обврска да ги заштити националните интереси или да обезбеди пристапна цена за граѓаните“. Од Левица предупредуваат дека искуствата од други земји покажуваат дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија води кон енормно поскапување на струјата, зголемување на социјалните разлики и намалување на квалитетот на услугата.

„Наместо зајакнување на државната улога и јавното влијание во енергетиката, со новиот закон се создаваат услови за натамошно доминирање на приватните оператори и монополист на штета на граѓаните и социјалната правда“, велат од Левица.

Иако не го поддржуваат законот во целина, од партијата информираат дека поднеле сет амандмани, со цел да се ублажат „најштетните аспекти на предложеното законско решение“.

„Клучните области на нашите амандмани се зголемување на транспарентноста, одговорноста и контролата врз Регулаторната комисија за енергетика; засилување на заштитата на потрошувачите во процесите на мерење, фактурирање и наплата на електричната енергија; и воведување на реални и пропорционални санкции за операторите што ги прекршуваат законските обврски“, наведуваат од партијата.

Левица посочува дека меѓу клучните слабости на предложениот закон ги идентификуваат „недостигот на механизми за ефективен надзор врз Регулаторната комисија, издавање на фактури со неточни и непроверени податоци без ефикасен надзор, ниски казни за прекршителите и отсуство на план за враќање на стратешките капацитети во државна сопственост“.

„Наместо државата да си ја врати контролата врз енергетскиот сектор – кој е клучен за економската независност и социјалната стабилност – гледаме нов обид за целосно препуштање на пазарот во рацете на странски и домашни монополисти“, велат од Левица, додавајќи дека остануваат доследни на ставот дека енергетските ресурси треба да бидат под државна сопственост и контрола, „во корист на народот, а не за профит на мал број корпорации“.

Со поднесените амандмани, партијата бара Собранието „да ја зајакне улогата на државата во енергетиката, да ја заштити електричната енергија како јавно добро и да обезбеди пристапни цени и транспарентна наплата за потрошеното за сите граѓани“.

Од Левица порачуваат дека ќе продолжат активно да се спротивставуваат на „секој обид за приватизација на јавните добра, либерализација на стратешките сектори и отстапување на државниот суверенитет“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки