05 Декември, 2025
0.0354

Новите дождови нов проблем за аграрот, земјоделците бараат да се забрза постапката за обештетување

Објавено во: Агробизнис 09 Март, 2015 08:10

Добивај вести на Viber

Земјоделците бараат Комисиите за проценки од штети да ја забрзаат проценката на штетите од поплавите и да започне обештетувањето. Дополнително укажуваат штом завршат проценките, државата да ја забрза и процедурата за помош од Европската Унија. Од земјоделските здруженија велат дека секоја помош е добредојдена без разлика за каков вид на помош се работи. Според земјоделците обештетувањето нема во целост да ги покрие штетите, но сепак ќе ги ублажи загубите.

-Треба подитно да се забрза целата постапка, Комисиите побрзо да завршат со проценките и потоа веднаш да се аплицира за помош од Европската комисија. Секоја помош е добредојдена, без разлика дали ќе биде парична или материјална, иако тоа нема во целост да ја покрие штетата што ја претрпеа луѓето од критичните региони, а особено земјоделците. Обештетувањето од државата вообичаено покрива 15 проценти од штетата, нема да биде во висина на она што требало како приход да го добијат земјоделците од производството, но сепак колку толку ќе се ублажат загубите. Таа помош од ЕУ  ни се нудат и треба да се искористи. Состојбата е катастрофална, особено во Пелагонискиот регион, новите дождови дополнително ги уништија земјоделските површини, оттаму нема да излезе готов производ, вели Ристо Велков, претседател на Сојузот на земјоделски синдикати.

Неодмна од министерството за земјоделство,шумасртво и водостопанство соопштија дека Владата веќе се обратила до Европската комисија за обезбедување на помош за справување од последиците од поплавите од каде што е добиена информација дека во рамките на регионалните ИПА фондови има можност за добивање на финансиска помош. Од министерството посочија дека е дискутирано со претставници од Европската комисија, ко-финансирањето на инвестициите од ИПАРД фондовите за настраданите земјоделски стопанства да биде зголемено на 85 % што значи обновувањето на производството да ги чини само 15 % од трошоците.

Новите дождови повторно предизвикаа пробелми во Пелагонискиот регион. Новаци и Могила повторно најпогодени, а поплавени се над 1000 хектари земјоделска површина. Зголемен е водостојот на Црна Река, која вчера  ги проби насипите кај Лозово и се излеа во околните ниви.  Поплавени се и површини во атарите на Вашарејца, Ношпал, Могила и Тополчани.

-Овие нови дождови донесоа и нови проблеми во битолскиот регион. Проценките сеуште не се готови, но штом завршат треба побрзо да се почне со обештетувањето и да се аплицира за помош од ЕУ. Новите дождови значат и двојно поголеми трошоци за губриво, семе, повторна обработка на површините, затоа обештетувањето е добредојдено за да до некаде ги амротизира штетите. Дополнителни сите земјоделски активности се пролнгираат. Во штипско проблем направија првите поплави, сега новите дождови не предизвикаа штети, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Од Центарот за управување со кризи велат дека будно ја следат состојбата, и дека во поплавените подрачја во битолскиот дел на Пелагонија и посебно во атарот на општината Могила,состојбата е стабилна и не се очекува ескалација на проблемите кои ги предизвикуваат надојдените води на реките Црна и Шемница.Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, кој вчера ги посети поплавените подрачја изјави дека во тек е завршната фаза од проценката што се прави со експерти од Светска банка. Градоначалниците на општините изјавија дека насипот кај Новаци е веќе направен, а за налето, најавија вонредно и целосно чистење на коритото на Црна Река.

 -Ја разгледавме состојбата од излевањето на реката Црна и комплетната состојба поврзана со евентуални штети предизвикани од претходните поплави. Воедно ги информирав градоначалниците на трите општини дека во тек е завршната фаза од проценката што ја правевме со експерти од Светска банка, а што ја обезбеди Владата како можност за создавање добра основа за обезбедување на средства за обесштетување на сите граѓани и не само од битолскиот регион, за сите настанати штети по земјоделските посеви, по објектите, домовите, локалната инфраструктура, како и друга инфраструктура погодена од овие штети, изјави вчера Костадиновски.

Дождовите ќе ја пролонгираат пролетната сеидба за еден месец

Наместо овој период, пролетната сеидба ќе задоцни и најверојатно ќе почне за околу еден месец. Агрометеролозите велат дека новите дождови не дозволија да се исуши земјата од претходните дождови, поради што земјоделците ќе мора да ја пролонгираат пролетната сеидба бидејќи не можат да влезат во нивите. Најкритична е состојбата со житата во најголемата житница, Пелагонија. Повеќе од извесно е дека од поплавите ниви нема да има ниту зрно пченица.

-Состојбата е катастрофална,особено во Пелагонија. Црна Река е надојдена повторно, дополнителни сите планине се со големи количини снег, што претставува серозна закана за содавање на нови количества вода. Пролетната седиба ќе мора да се оддложи за околу еден месец, бидејќи нивите се под вода веќе долг период, земјата немаше време да се исуши. Советувам веднаш штом се повелеч водата земјоделците да започнат со потребните активности за отпочнување на пролетната сеидба. Може да се сади само пролетен јачмен , сончоглед и пченка, чија жетва секако ќе се пролонгира.Овие дождови не се опасни за овошките и лозата, кај нив веќе кроењето е завршени и тие се наоѓаат на повисоки места. Се очекува веќе од денес па во следните 4 до 5 дена времето да се стабилизира, вели Ангелко Ангелески, агрометеролог од Управата за хидрометеролошки работи.

Поплавите не само што ги уништија дел од земјоделските прозиводи, туку ќе предизвикаат и сериозни штети врз квалитетот на почвата. Агроекспертите веќе  укажаа дека е неизвесно дали поплавените површини откако ќе се повлече водата ќе го имаат истиот квалитет и потребни хемиски елементи за повторно садење на земјоделски култури.

- Состојбата е сериозна во смисла на тоа што од една страна се губи почвена маса поради ерозија, а од друга страна веќе обработливите површини се поплавени и погребани со наноси. Дури по повелкувањето на водата и дренирањето ( ослободувањето на почвата од вода), значи кога  ќе има услови и ќе може да се влезе во обработливите површини би требало да се земаат почвени проби за анализа и да се види каква е состојбата и плодноста на почвата.Испитувањата што би следеле после овие поплави се повеќе од потребни, бидејќи треба да се види дали постоечките површини се покриени со плоден или неплоден нанос и оттука да се добијат информации за потребата од употреба на ѓубрива или други мерки според добиените резултати, вели професор д-р Татјана Миткова, раководител на Институтот за животна средина при Факултетот за земјоделски науки и храна.

Македонија веќе подолг период е зафатена од поројни дождови кои предизвикаа сериозни штети. Во критичните региони поплавени се имоти, куќи, уништени се патишта, земјоделски површини, а има и угинат добиток.

-Овие поплави што се случија не само во Пелагонија туку во цела Македонија, се катастрофални за земјоделското производство, последиците се несогледливи. Се очекува намалување на произведеното количество на пченица, особено ако се има во предвид  дека од една страна над 10.000 илјади хектари во Пелагонија се поплавени, а од друга страна околу 9.000 хектари не се посеа со есенската седиба.Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести, вели Огнен Оровчанец, сосптвеник на “Агроунија”.

Штетите од поплавите се милионски и допрва ќе се пресметуваат. Во земјоделството се повеќе е извесно дека  доцнењето на пролетната сеидба ќе значи и намалување  производството, а со тоа и на понудата на храна на пазарите, но и на цената на производите.

Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?