20 Декември, 2025
0.0382

Новите генерации комуникациски мрежи ќе отворат ново поглавје во електронските комуникации

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2013 22:10

Добивај вести на Viber

Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа вториот јавен состанок за 2013 година. Главна тема на состанокот  беа идните генерации на комуникациски мрежи како и можностите и поволностите кои тие ги нудат за корисниците и за операторите. Состанокот го отвори директорот на АЕК, Роберт Орданоски по што Владимир Ристевски, Советник за анализа на пазари во АЕК,  ја претстави ситуацијата на пазарите на електронски комуникации и планираните проекти на Агенцијата за 2014 година. Во продолжение се одржаа две панел дискусии во врска со инвестициите во пазарите за електронски комуникации и влијанието на регулативата врз инвестициите. Главен акцент на состанокот беше ставен на поттикнувањето на иновациите и инвестициите во следната генерација на комуникациски мрежи кои треба да се појават во годините што следат, кои на корисниците ќе им овозможат поквалитетни, побрзи услуги и сосема нови комуникациски искуства, додека за компаниите тоа ќе значи побрзи процеси, развој на нови напредни апликации, нови можности во секојдневното работење, намалување  на трошоците итн. Веќе е направен чекор кон тоа со воведувањето на 4G мрежа во Македонија и целосна дигитализација на терестријалниот сигнал. На состанокот присуствуваа претставници на АЕК, Министерството за информатичко општество и администрација, како и оператори на електронски комуникациски услуги и инвеститори. Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два јавни состаноци со цел да им овозможи на сите засегнати страни да се запознаат со работата на Агенцијата, стратегијата, плановите и активностите што следат, како и да им даде можност преку учеството во дискусиите активно да  учествуваат во креирањето на идните чекори кои ги превзема АЕК за да обезбеди подостапни и поквалитетни услуги на пазарот на електронски комуникации.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии