НОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ПРЕДВИДУВААТ ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ ВОЗИЛО: Еве во кои случаи полицијата ќе може да го направи тоа
Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 11:21
За прв пат во Македонија, со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.
„На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот“, рече Тошковски.
Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




