20 Декември, 2025
0.0480

Новите пратеници утре ќе добијат уверенија

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016 17:00

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија (ДИК) утре свечено ќе им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија  мандати на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември. 

„Ве известуваме дека уверенијата за пратениците избрани на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, ДИК ќе им ги врачи на овластените претставници на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички места, на свечен настан закажан за 28 декември 2016 година (среда) со почеток во 14 часот. Настанот ќе се одржи во седиштето на Државната изборна комисија (во зградата на поранешниот НИП „Нова Македонија)“- стои во соопштението на ДИК.

По прогласувањето на конечните резултати и врачувањето на уверенијата, според Уставот, крајниот рок за конституирање на новото Собрание е 31 декември, односно 20 дена од одржувањето на изборите, кои во овој случај беа на 11 декември.

Се очекува претседателот на претходниот собраниски состав, Трајко Вељаноски, следните денови да ја свика конститутивна седница, а ако тоа не го направи од некоја причина, честа да ја свика и да ја води првата седница, според Деловникот на Собранието, ќе ја има највозрасниот пратеник од новоизбраниот состав – Бранко Маноиловски од ДУИ.

На предвремените парламентарни избори Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, Коалцијата предводена од СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА – 2 пратенички места.

Читајте уште

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Кој е првиот Албанец кој ќе биде на чело на МВР?


До изборот на нова влада со МВР и со Собранието ќе раководат кадри на ДУИ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки