20 Декември, 2025
0.0749

Новите технологии можат многу да помогнат во образовниот процес

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 12:29

Добивај вести на Viber

Денеска во х.Александар Палас-Скопје, Мајкрософт Македонија во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија, организираа регионална конференција на тема „Вистински импакт за подобро образование“. Овој настан е резултат на напорите на Мајкрософт да се потенцира важноста на примената на информатичката технологија во образовниот процес. Пред поголемиот број присутни, свои обраќања имаа министерот за образование и наука г. Спиро Ристовски, менаџерот на Мајкрoсофт за Македонија и Косово г. Стефан Плавјански, и Труди Норис-Греј, генерален менаџер на Мајкрософт за Централна и Источна Европа. Тие го истакнаа значењето на образованието во развојот на децата, како и улогата на технологијата во подобрувањето на целокупниот процес на образование и учење. Технологијата не смее да биде ,,баук,,, не треба да се дава отпор на нејзината примена, туку напротив треба да се искористи за да се подобри процесот на образование. Со мала имагинација, новите технологии можат многу да помогнат во образовниот процес а истовремено тој да биде интересен и забавен за децата, беше заедничкиот заклучок на говорниците. А само ефикасен образовен систем, каде правилно се оспособуваат младите, може да биде генератор на иновации и економски развој, што севкупно ќе доведе до позитивни општествени промени. Високи претставници на Министерство за Образование и Наука на Р. Македонија, заедно со свои колеги од Бугарија, Косово и Албанија, како и претставниците на локалната самоуправа, универзитетите и голем број на невладини организации и меѓународни институции, на неколку работилници дискутираа и разменуваа искуства, се со цел како иновативните технологии, на еден современ и ефикасен начин да поттикнат партиципација и активно вклучување на децата во процесот на едукација. Дефинирање на образовните приоритети, воведување на успешни меѓународни пракси, формирање на јавно-приватно партнерство, како и подготовка на акционен план беа темите од работилницата под наслов “Envisioning workshop” која беше наменета за претставници на владата и клучни институции. На конференцијата преку низа презентации и предавања беа прикажани решенија и добри практики кои го вметнуваат процесот на учење како дел од животот, во и надвор од училницата, притоа овозможувајќи им на врвните едукатори да покажат како технологијата може да го модернизира процесот на учењето и да ги подобри резултатите од него. Посетителите на настанот имаа можност да ја посетат и изложбата на 33 најиновативни проекти изработени од страна на наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија, а кои со примена на технологијата прават напори да го променат процесот на учење. Тие влегоа во потесниот круг на натпреварувачи од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert. На крај на настанот беа објавени трите победнички проекти, а прво наградениот ќе ја претставува Македонија на Светскиот натпревар во Барселона, Шпанија, во рамките на Глобалната Програма Партнери во Учењето на Мајкрософт.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии