Ново амбулантно возило за Клиника за детски болести во Скопје
Објавено во: Мои пари 02 Април, 2013 15:05
Ново амбулантно возило за итен неонатален и педијатриски транспорт со медицинска опрема од денеска е во функција на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
- Ова возило чини околу 8 милиони денари и претставува сериозна инвестиција во македонското здравство. Возилото има опрема која досега сме ја немале во амбулантните возила во државата и е специјализирано за ваков вид транспорт, изјави министерот за здравство Никола Тодоров по промоцијата на возилото.
- Ова возило претставува подвижна болница и ќе придонесе за сериозно подобрувањето на нивото на квалитет на здравствени услуги и за спасување на детските животи. Во возилото има подвижен инкубатор со респиратор, нешто што досега го немаше во здравствениот систем во Македонија, рече Тодоров.
Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести информира дека со добивањето на ова амбулантско возило ќе се овозможи брзо и адекватно да се стигне до секој дел од нашата држава, каде што ќе треба да се спаси детски живот. Објасни дека со возилото ќе може да се пристапи, да се земе детето, а онаму каде што е критично ќе може веднаш да се интервенира.
Таа појасни дека идејата на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје е да стане регионален центар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





