19 Декември, 2025
0.0899

Ново истражување на Visa: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2023 13:03

Добивај вести на Viber

Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време.

Без разлика дали се работи за интеракција, едукација, транспорт или забава, дигиталните услуги, апликациите и платформите се дел од нашите животи.

Според најновата анкета на Visa „Нови дигитални навики“, четворица од десет Македонци наведуваат дека нивните навики станале подигитални или се претежно дигитални, како резултат на пандемијата (41 отсто и 38 отсто соодветно). Виртуелните услуги го сменија секој сегмент од нашите животи. За половина од испитаниците, приватното време е најдигиталниот аспект од нивниот живот. Една третина велат дека е работата, а за 15 отсто одговорот е забава, поради големото време поминато на останатите стриминг платформи, а само 5 отсто ја користат за здравје, што подразбира закажување вакцинации и лекарски прегледи, онлајн обуки или следење на здравјето преку апликација.

„Насекаде низ светот сме сведоци на пораст на нови дигитални навики и Македонија не е исклучок, врз основа на резултатите од анкетата. Потрошувачите очекуваат да купуваат, да се информираат и да се забавуваат на најсоодветниот начин, но прифаќањето на новите технологии бара време. Ова е причината зошто нашата цел во Visa е да помогнеме во навигацијата на преминот кон дигиталното и да обезбедиме поддршка онаму каде што е потребна. Една од првите работи што ги правиме е да разбереме колку е променета секојдневната рутина за Македонците и кои се нивните очекувања за иднината. Ова ќе ни овозможи да работиме на подобрување на пристапот до дигиталната економија за сите, заедно со нашите партнери, банки, финтек (fintech) компании и невладини организации“, рече Владимир Ѓорѓевиќ, Генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

Со многу услуги достапни на врвот на прстот, навиките на луѓето станаа толку дигитализирани што дури и одењето во банка за некои е застарено. Меѓу главните платформи, секој втор испитаник најчесто користи е-банкарство и дигитални плаќања (51 отсто), платформите за стриминг се на второ место (30 отсто), а потоа следат апликациите за нарачка и испорака на храна (17 отсто), додека само еден процент од популацијата користат апликации за транспорт со такси.

Речиси една третина од испитаниците од Македонија трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5 отсто) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Дигиталниот свет значително ја промени нашата секојдневна рутина бидејќи секој втор испитаник (56 отсто) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99 отсто) тоа го прави преку смартфон.

Испитаниците ги разбираат придобивките од изборот на дигитални услуги. Речиси половина од учесниците во анкетното истражување ја имаат посочено „брзината“ како најважен фактор при одлучувањето за користење на виртуелни услуги (49 отсто), потоа „едноставноста“ со 27 отсто, „пристапноста“ со 22 отсто и на крај „безбедноста“ со помалку од еден отсто.

Денешниот потрошувач е подготвен да им даде приоритет на личната благосостојба и слободното време, наместо да прави сѐ пеш. На прашањето кој дел од нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации и онлајн платформи, четворица од десет испитаници ја посочиле јавната администрација.

Во иднина, над една третина од испитаниците мислат дека нивните дигитални навики ќе се зголемат во работите поврзани со работата. На второ место се транспортот и здравјето (24 отсто) и финансиските услуги (20 отсто), како и купувањето, со истиот процент.

Ова покажува дека Македонците се прилагодиле на дигиталните светски трендови и сакаат да ги вклучат практичноста и придобивките од дигиталната технологија во нивниот секојдневен живот. Пристигнаа новите дигитални навики.

За Visa

Visa е светски лидер во дигитални плаќања, олеснувајќи ги трансакциите помеѓу потрошувачите, трговците, финансиските и владините институции во повеќе од 200 земји и територии. Нивната мисија е да го поврзат светот преку најсоодветната, најиновативната, најсигурната и најбезбедната платежна мрежа, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и економиите да напредуваат. Ние веруваме дека економиите вклучуваат и подобруваат сѐ насекаде и ја гледаат достапноста како основа за идното движење на парите. Дознајте повеќе на Visa.com.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии