17 Декември, 2025
0.0397

Ново владино роуд шоу во Талин, се ловат инвеститори од Естонија

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2013 20:23

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Никола Груевски заедно со својот инвестциски тим заминаа за Естонија. Уште едно роуд шоу за лов на нови инвестиции. Груевски денеска се сретна со премиерот на Естонија,  Андрус Ансип, а на средбата се  разговарало за идната соработка на економски и на политички план. Како што информираше Владата, премиерите се согласиле дека односите меѓу Македонија и Естонија се одвиваат одлично, а посебен акцен бил ставен на можностите за воспоставување соработка во областа на информатичко-комуникациската технологија, текстилната индустрија, земјоделството и туризмот. Премиерот Груевски го информирал естонскиот колега за реформите кои се преземаат во насока на остварување на европската и евроатланската интеграција и се заблагодарил на принципиелната поддршка која Естонија ја дава на стратешки определби на Македонија. Ансип пак посочил дека Естонија и понатаму ќе се залага за реализација на политиката на проширување на ЕУ и политиката на отворени врати на НАТО и дека естонската поддршка на македонските евроатлански интеграции ќе продолжи. Претходно владината делегација присуствуваше на бизнис форумот во Талин каде беа претставени поволностите кои Македонија им ги овозможува на странските инвеститори. Како што истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, презентирањето на можностите за инвестирање пред бизнисмените од Естонија лани даде резултати. „Токму сегашната посета на Талин е во таа насока, изнаоѓање нови деловни партнери во што повеќе стопански сфери и уште поголема соработка. Има многу сличности меѓу Македонија и Естонија. Станува збор за две земји ориентирани кон реформите и високо рангирани на светската листа за услови за водење бизнис. Веруваме дека оваа посета ќе резултира со конкретни инвестиции или со зголемување на извозот од Македонија“, рече Пешевски. За министерот  без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, има големи можности за инвестиции во туризмот, земјоделството, енергетиката и во градежништвото. Тој истакна дека ова се сферите каде што Владата вложува многу во јакнење на потенцијалите за инвестиции кои ќе донесат нов и поголем развој, а потсети и дека во Македонија се нуди државна земја со на почетната цена од едно евро за квадрат.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега