НОВО ВО ЕВРОПСКИ ГРАД: Туристичките автобуси ќе се паркираат на периферија, а туристите оттука ќе користат јавен превоз
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2023
Градот Амстердам следната година ќе забрани влез на туристички автобуси. Целта е тие да не им пречат на жителите на градот.
Туристичките автобуси тешки повеќе од седум тони нема да смеат да влезат во центарот на Амстердам од 2024 година. Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж и загадувањето. Амстердам веќе го намали бројот на продавници за сувенири со цел да го спречи доаѓањето на туристите, но воведе и други мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на локалните жители.
„Автобусите се корисни за превоз на ученици или стари лица до културните места во градот, но 300 до 450 туристички автобуси дневно се премногу за центарот, каде што има малку простор“, изјави советникот за сообраќај и транспорт во Амстердам, Мелани ван дер Хорст, пренесува Танјуг. Туристичките автобуси ќе можат да паркираат на периферијата на градот, од каде туристите ќе можат да го продолжат патувањето со јавен превоз. И други туристички центри преземаа мерки против масовниот туризам. foto freepik.com/Kireyonok_Yuliya
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.