Ново Zen искуство во Белград - свечено отворен ресторанот ZEN by SushiCo
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 10:31
Белград доби нова гастрономска оаза! На вториот кат од ТЦ Галерија, во импресивен ентериер и со најубав поглед кон градот, ZEN by SushiCo во средата свечено ги отвори своите врати. Ресторан кој ветува искуство што ги спојува вкусот, мирот и естетиката во совршен баланс.
Со инвестиција вредна 1 милион евра, новиот Zen by SushiCo претставува заеднички проект на рестораните „SushiCo Македонија“ и „SushiCo Турција“, поставувајќи нов стандард во гастрономското искуство. Локалот се простира во најголемиот трговски центар Галерија на импресивни 550 m², со капацитет од 180 гости, создаден со посебно внимание кон деталите од страна на македонските архитекти Роберт Џонески, Горан Спироски и Светлана Данилова.

Zen by SushiCo е совршена комбинација на модерен дизајн, автентична јапонска естетика и врвна кулинарска уметност. Ресторанот е едиснтвен во Србија со Teppanyaki мени и врвна мешана азиска храна.
ZEN by SushiCo е замислен како место каде секој детаљ има своја приказна. Ентериерот е уреден во смирени, природни тонови, со елементи од дрво и автентични азиски мотиви, создавајќи топла, елегантна и инспиративна атмосфера. Терасата со панорамски поглед кон реката Сава ја прави локацијата уште попривлечна – совршен избор и за деловен ручек, и за вечера исполнета со стил.
Голем број гости, меѓу кои и познати личности од белградската џет-сет сцена, уживаа во отворањето кое го одбележа софистицираниот амбиент, вкусната азиска храна и енергичниот DJ сет на Peppe.
Овој реномиран бренд, познат по јапонската кулинарска традиција и иновативниот гастрономски пристап, нуди богато мени составено од внимателно одбрани јадења, како и ексклузивна винска и коктел листа која ќе ги воодушеви и најпребирливите љубители на гурмански искуства. Менито опфаќа јадења од јапонската, кинеската, тајландската и корејската кујна, подготвени со висококвалитетни состојки, многу од кои пристигнуваат директно од Азија.
Глобален бренд со локален шарм
Со повеќе од 90 ресторани ширум светот, SushiCo веќе повеќе од три децении ја раскажува својата приказна за вкус, традиција и иновација.
Отворањето на ZEN by SushiCo во Белград претставува ново поглавје во таа приказна – место каде вкусот станува уметност, а атмосферата – вистински Zen


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





