20 Декември, 2025
0.0511

Новогодишен музички концерт во Веро Центарот

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2013 13:54

Добивај вести на Viber

За најубавите и највеселите празници во годината Веро-центарот подготвува програма која ќе ги анимира потрошувачите во периодот од 27 до 29 декември. На 27 декемвири со почеток во 18 часот најавен е голем новогодишен концерт со најзвучните имиња на македонското музичко небо; преубавата Дани Димитровска, музичкатa икона Бени Шакири, егзотичната Кристина Арнаудова и шармантните Eye Cue. Попладневните часови во Веро-центарот ќе бидат резервирани за анимирање на децата со организирање на кретивни работилници каде ќе можат да ги научат вештините на изработка на фигури од балони, потоа промоција на книги од „Просветно дело“ со кои ќе ги збогатите празниците и ќе поминете убави мигови со добра книга. „Потрошувачите веќе знаат дека Веро-центарот ја нуди најраскошната празнична атмосфера и е најзабавното место за пазарување, особено за празниците. Но потрошувачите исто така знаат дека на нашите забави, настани и концерти секогаш ја имаа онаа неверојатна магија и енергија што долго се памети, затоа и за оваа Нова година посакавме да им припредиме незаборавни моменти, особено на најмладите, бидејќи веруваме дека тие најмногу се радуваат на магијата на новогодишните празници“, изјави Г-дин Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро. Како што вели организаторот, цената на влезницата е една голема насмевка.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии