Новогодишната реклама на Coca-Cola на македонски јазик ги стопли срцата на граѓаните
Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2016 13:47
Динамиката на секојдневниот живот и работните обврски, многу често можат да влијаат воопшто да не сме свесни дека пристигнува празничната сезона, но како и секоја година, така и оваа, Coca-Cola со своите Новогодишни реклами не потсетува дека времето за празнување и дарување пристигна.
Речиси и да не постои човек на планетата кој може да си ја замисли Нова Година без омилените и магични Coca-Cola реклами. Новогодишните Coca-Cola реклами се веќе одамна дел од планетарната Новогодишна празнична атмосфера. Првите реклами беа снимени дури во седумдесеттите години од минатиот век и од тогаш, па се до денес тие се предвесници на предновогодишната еуфорија, споделувањето на љубов и прекрасните мигови поминати со семејството и најблиските.
Новогодишната реклама на Coca-Cola оваа година во Македонија пристигна испеана на македонски јазик. Оваа магична песна која ги стоплува срцата на милиони луѓе во светот, а сега ги топли и срцата на нашите граѓани, на македонски јазик ја испеа популарниот пејач Влатко Лозаноски.
Песната која на најубав начин го пренесува новогодишното чувство и магијата која секого го развеселува е веќе хит на нашите најслушани радио станици, а рекламата може да се погледне на националните телевизии, како и на официјалниот YouTube канал на Coca-Cola: линк од рекламата.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




