19 Април, 2025
0.0320

НОВОГОДИШНИ БОНУСИ, ВИСОК К15, ДЕЛ ОД ДОБИВКА НА СМЕТКА - која е компанијата што има олку среќни вработени, а има и богати награди за менаџерите

Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Има сериозни причини зошто голем дел од работната сила во земјава посекува да работи за моќни и големи компании, и тоа главно поседувани од домашни сопственици. Тие компании најчесто умеат сериозно да ги ценат и богато да ги наградат своите вработени, па покрај редовната плата, има и бројни бонуси и други надоместоци, но и обуки и стручно усовршување и надградување. Се разбира, награди добиваат и директорите во тие компании, односно членовите на управните и надзорните одбори, како мотивација за добро постигнатите резултати во компанијата.

А, кога таквите домашни акционерски друштва овие бенефиции јавно ги споделуваат со целата јавност преку своите извештаи што ги објавуваат на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, тоа е гест за поздравување.

Една од компаниите која секако важи меѓу најтранспарентните, е нафтената компанија „Макпетрол“, која преку Берзата го објави годишниот извештај, а кој завчера бил усвоен од Собранието на акционерите.

Од „Макпетрол“ во извештајот изразуваат голема благодарност до вработените, па затоа и добиле бројни награди.

„Вработените се најголемата сила и движечка енергија на ‘Макпетрол’ АД. Благодарение на посветената работа на нашите вработени, деловните активности не беа запрени од предизвиците со кои се соочивме во 2023 година, во непредвидливо деловно опкружување и економска криза. Така, 2023 година беше одбележана со значајни деловни резултати благодарение на вработените кои се истакнаа со својот труд и посветеност, демонстрирајќи исклучителна работна етика и силна тимска работа во клучните проекти, додека се справуваа со бројните секојдневни предизвици, со што го направија нашето Друштво уште поуспешно. Нивната лојалност е основата на Друштвото на која се гради нашиот бизнис и која во голема мера влијае врз нашето деловно однесување, организациската структура, менаџментот и сите поврзани процеси, поради што на своите вработени им обезбедуваме гарантирани поволности кои произлегуваат од Законот и од Колективниот договор“, се вели во извештајот.

Па така, лани во нафтениот гигант вработените зеле како новогодишен надоместок сума од по 33.333 денари, плус К 15 по 40.000 денари во бруто износ, и плус дел од добивката од 2022 година кој се наменил за вработените, а кој според нашите пресметки изнесува по околу 56 илјади денари во просек по вработен.

„Во текот на 2023 година, Друштвото на вработените на име Новогодишен надоместок им исплати бруто-износ од 33.333 денари по вработен, за што беа вложени 66,1 милиони денари, регрес за годишен одмор во бруто износ од 40.000 денари по вработен, за што вложи 79,52 милиони денари и дел од добивката по годишната сметка за 2022 година наменет за вработените во износ од 110 милиони денари“, се вели во извештајот.

Ако „Макпетрол“ во моментов, како што и самата компанија пишува во извештајот, има 1.967 вработени, и ако за сите нив се вкупно исплатени 110 милиони денари од профитот од 2022 година, тоа значи дека во просек секој вработен зел по 55.923 денари.

Или вкупно, покрај редовната плата, вработените добиле по безмалчку 130 илјади денари, или над две илјади евра. 

Исто така, по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ доделиле подароци на 781 дете на вработените, во вкупен износ од 899 илјади денари.

„Во согласност со барањата на вработените, Друштвото, во континуитет кој продолжува и во 2023 година, одобри помош преку донација на парични средства за покривање на трошоците за лекување и набавка на лекови на нашите вработени, во износ од 3,79 милиони денари“, се вели меѓу другото во опширниот извештај.

Имало и обуки, курсеви и ротирање на работните места, професионални програми и друго.

Во извештајот се нагласува и дека друштвото остварува координативни средби со претставниците на Синдикатот, со цел да се дадат одговори на конкретни прашања на претставниците на вработените, во врска со работењето и деловното опкружување. Во синдикатот членуваат 71 отстоод вкупниот број вработени, кој изнесува 1.967“, се вели во извештајот.

Во овој документ се дадени и примањата на членовите на Управниодт одбор, односно Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Михајло Борозанов, Сашко Павловски и Сашо Бошковски.

Лани, како што пишуваат од компанијата, членовите на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје оствариле нето-примања по основ на плата и надоместоци на плата, по основ на други права, дел од учество во добивка, како и по основ на награди во вкупен износ од 63.532.090 денари.

Или, станува збор за сума од 1,033 милиони евра, па ако има 5 члена, излегува дека во просек тие зеле по околу 207 илјади евра, но сигурно дека таа сума е различна кај различните членови на УО, бидејќи тука станува збор и за плати и надоместоци, и за дивиденди од акциите, и за награди, и за други права, а сите овие елементи се разликуваат кај пооделните членови на Управниот одбор.

А, лани членовите на Надзорниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје, по основ на награда, оствариле нето-примања во вкупен износ од 2.352.000 денари, или нешто над 38 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“